Во Битола се одржа работилница „Француските зборови (галицизми) во Македонскиот јазик“
- Македонско научно друштво (МНД) Битола, во соработка со Педагошки факултет-Битола и Европската универзитетска алијанса КОЛОРС одржаа образовна работилница на тема „Француските зборови (галицизми) во македонскиот јазик“ на која беше нагласено значајното влијание на францускиот јазик врз македонскиот, особено преку присуството и употребата на галицизмите.
Битола, 24 март 2026 (МИА) - Македонско научно друштво (МНД) Битола, во соработка со Педагошки факултет-Битола и Европската универзитетска алијанса КОЛОРС одржаа образовна работилница на тема „Француските зборови (галицизми) во македонскиот јазик“ на која беше нагласено значајното влијание на францускиот јазик врз македонскиот, особено преку присуството и употребата на галицизмите.
Работилницата ја водеше професор д-р Зоран Николовски, кој на студентите им понуди динамичен и интерактивен увид во зборови од француско потекло што го збогатуваат македонскиот јазик. Притоа, беа разгледани нивните значења, етимологија и употреба во различни сфери – од мода и политика до култура и спорт.
Настанот е во рамки на манифестациите за одбележување на Денот на франкофонијата, а пред аудиториумот во Битола говореа Калиопа Кривашија Стилиновиќ, Почесен конзул на Република Франција во Битола, професор д-р Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на Македонското друштво – Битола и професор д-р Рената Петровска – Нечковска, академска раководителка на КОЛОРС. мт/сст/
Фото: МНД Битола