• петок, 09 јануари 2026

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Маврово, 9 јануари 2026 (МИА) - Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва беше на средба во Маврово и Ростуше на која уште еднаш ја нагласи поддршката за кандидатот за градоначалник на оваа општина Онер Јакупоски, пред повторените избори во недела на 11 јануари.      

- Вечерва сме во Маврово и Ростуше со силна енергија, јасна визија и искрена поддршка за Онер Јакупоски - кандидат за градоначалник за Општина Маврово и Ростуше, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

Со искрена поддршка, посочува Мицкоски, покажуваме дека кога сме сплотени и обединети, можеме многу повеќе.

- Заедно градиме надеж, доверба и развој за секое семејство, напиша премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.  

Во недела ќе се одржат повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа поради недоволниот цензус на локалните избори што се одржаа на 19 октомври минатата година. ев/вј/

ФОТО: Фејсбук Мицкоски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан