Минусни температури во целата држава
- Утрово најниска темепература во земјава од -11 степени Целзиусови е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат со -7 степени Скопје-Петровец, Битола, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Велес, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Претор и Кавадарци и -4 степени во Охрид, Виница и Гевгелија.

Скопје, 9 февруари 2025 (МИА) - Утрово најниска темепература во земјава од -11 степени Целзиусови е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат со -7 степени Скопје-Петровец, Битола, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Велес, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Претор и Кавадарци и -4 степени во Охрид, Виница и Гевгелија.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот утрово изнесува 30 см на Попова Шапка и 13 см во Маврови Анови.
Утрово е студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени. вг/
Фото: МИА Архива