• сабота, 21 февруари 2026

Министерот Ристовски и градоначалникот Јанков го предадоа во употреба мултифункционалното игралиште во струмичката гимназија

Министерот Ристовски и градоначалникот Јанков го предадоа во употреба мултифункционалното игралиште во струмичката гимназија

Струмица, 26 јануари 2026 (МИА) - Министерот за спорт, Борко Ристовски, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, денеска го предадоа во употреба мултифункционалното игралиште во Гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица.

Според министерот Ристовски, во државата се отворени многу мултифункционални игралишта и сега во Струмица, зашто, како што рече тој, „со години Струмица беше запоставувана и не се градеа такви игралишта, кои се од големо значање и за учениците и за сите што сакаат да се рекреираат“.

- Министерството за спорт се одлучи во одлична соработка и комуникација со градоначалникот и директорката да го реконструираме , нормално, да го предаме во употреба на училиштето и на сите ученици и рекреативци што ќе сакаат да го користат. Без добра координација, нормално, не може да се заврши ниедна работа како што треба - рече министерот Ристовски.

Градоначалникот Јанков истакна дека е поставена модерна полипропиленска подлога, нови спортски реквизити за кошаркарското, фудбалското и за одбојкарското игралиште, има соодветно оградување на просторот меѓу фудбалското и кошаркарското игралиште и е поставена трибина. 

- Наше е, заедно Општината и ЈП „Паркиралишта Струмица“, да извршиме и дополнително осветление на овој спортско-рекреативен центар за да може граѓаните да го користат и во ноќни услови. Овие игралишта претежно се наменети за учениците на гимназијата, но и за рекреативни потреби на нашите сограѓани. Овде нема да застанеме, ќе имаме реконструкција и изградба на нови училишта како во градот така и во населените места. Изразувам голема благодарност до министерот Борко Ристевски за разбирањето за овој проект и за реализацијата од негова страна - изјави градоначалникот Јанков.

Директорката на Гимназијата, Зорица Витанова, додаде дека мултифункционалното игралиште е од големо значење за училиштето, пред сè, за унапредувањето на наставата по спорт и спортски активности.

- Сега нашите ученици, но и сите млади од општината, ќе имаат место на кое ќе може да ги развиваат своите спортски таленти, ќе може да развиваат силен спортски дух и ќе може корисно и на здрав начин да го поминуваат своето слободно време - рече директорката Витанова. 

Инаку, реконтрукцијата е финансирана од Министерството за спорт во износ од 7 милиони денари со поддршка од Општина Струмица.рт/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан