Министерката Јаневска на конференција во Брисел
- Министерката за образование и наука Весна Јаневска deneska vo Brisel ќе учествува на конференција посветена на процесот на паметна специјализација на земјите од Западен Балкан – клучни достигнувања и искуства, во организација на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.
Скопје, 2 декември 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска во Брисел ќе учествува на конференција посветена на процесот на паметна специјализација на земјите од Западен Балкан – клучни достигнувања и искуства, во организација на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.
На конференцијата ќе учествуваат и еврокомесарката за проширување Марта Кос, генералниот директор на Заедничкиот истражувачки центар на ЕК - Бернард Магенхан, како и министри и други претставници на земјите од Западен Балкан.
Министерката Јаневска ќе ги презентира досегашните резултати од Акцискиот план 2024-2025 на Стратегијата за паметна специјализација, соопшти МОН.са/лв/
Фото: МИА архива