• сабота, 21 февруари 2026

Милевски: Минималната плата ќе се усогласи преку дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

Милевски: Минималната плата ќе се усогласи преку дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

19 февруари 2026

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски, во вчерашното гостување во емисијата „Анализа“ на телевизијата „24“ се осврна на барањата на Сојузот на синдикатите за зголемување на платата и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се разликува од другите политички партии поради конзистентноста во своите ставови, особено кога станува збор за правата на работниците, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

„ВМРО-ДПМНЕ се разликува од другите парти затоа што е константна во своите ставови. И како опозиција се даваше поддршка на работниците и на синдикатите и тој дијалог го продолживме и како власт“, посочи Милевски.

Пратеникот Милевски нагласи дека во рамките на Еконмско-социјалниот совет, каде што членуваат синдикатите, работодавачите и Владата како фасилитатор, во согласност со законот, потребно е преку дијалог да се договарат за минималната плата потенцирајќи дека Владата ќе ја поддржи одлуката.

„Работниците се во фокусот и решението што се бара за минималната плата треба да дојде преку дијалог, односно на средби што ќе се организираат во Економско-социјалниот совет помеѓу работодавачите и синдикатите. Работниците се многу важни и тие никогаш нема да дозволат да бидат средство за политички пресметки затоа што се мудри луѓе што чесно си го заработуваат својот леб. Во разговори во кои нивните претставници ќе се договорат со работодавачите, Владата ќе го прифати предлогот за таа вредносна плата“, дециден е Милевски.

 

Остани поврзан