• сабота, 22 февруари 2025

Милатовиќ иницира Црна Гора да биде домаќин на Самит на Европската политичка заедница

Милатовиќ иницира Црна Гора да биде домаќин на Самит на Европската политичка заедница

Подгорица, 17 февруари 2025 (МИА) – Претседателот и премиерот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и Милојко Спајиќ планираат да поднесат иницијатива до францускиот претседател Емануел Макрон, земјата следната година да биде домаќин на Самитот на Европската политичка заедница.

Следната година Црна Гора одбележува 20 години од независноста, а на Самитот е предвидено да учествуваат 50 европски шефови на држави и влади.

- Посебното внимание на претседателот Милатовиќ годинава е насочено и кон спроведувањето на споменатата иницијатива. Ова е најголемиот меѓународен собир на високо ниво што ќе се одржи во Црна Гора, што дополнително ќе ја зајакне позицијата на нашата земја како лидер во процесот на евроинтеграции и кредибилен сојузник на регионално и глобално ниво, соопшти Кабинетот на црногорскиот претседател. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан