• недела, 18 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МИА со демант за наводно интервју со Мицкоски за промоција на апликација за тргување

МИА со демант за наводно интервју со Мицкоски за промоција на апликација за тргување

Скопје, 22 април 2025 (МИА) - Медиумската информативна агенција демантира дека снимила интервју со премиерот Христијан Мицкоски, во кое тој говори за апликација за тргување со биткоин и со други криптовалути.

На социјалните мрежи е објавен линк со наслов „Христијан Мицкоски: Милионерите полудеа! Тие создадоа апликација која овозможува  секој да се збогати“, во кој е објавена  лажна информација, дека главната и одговорна уредничка Ана Цветковска разговарала со премиерот Мицкоски за апликацијата за тргување. При тоа се злоупотребени името на Агенцијата,  која е прикажана со видоизменето лого, како и фотографии на МИА. 

Во име на влијанието, довербата и проверени и точни информации, што е мотото на работењето на МИА, посочуваме дека содржината во текстот е целосно измислена и лажна. Ова е класична злоупотреба на влијанието на МИА и ги информираме нашите корисници и читатели дека станува збор за целосна невистина, манипулација на граѓаните и класична лажна информација,  измислено интервју со премиерот Мицковски на МИА, поради што случајот е пријавен до надлежните институции од кои очекуваме соодветна реакција и санкции за сторителите.

 

Остани поврзан