МИА Најави - свет
- Брисел - Состанок на министрите за одбрана на НАТО.

13 февруари 2025
Брисел - Состанок на министрите за одбрана на НАТО.
Париз - Меѓународен состанок за Сирија.
Њујорк - Состанок на Советот за безбедност на ОН за војната во Јемен.
Лондон - Средба меѓу министрите за надворешни работи на Кина и Велика Британија, Ванг Ји и Дејвид Лами.
Прага - Посета на ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани на Чешка.
Анкара - Заменик-генералниот секретар на ОН за политички прашања Розмари Ди Карло е во посета на Турција.
Хјустон - Протест на латиноамериканци против политиката на американскиот претседател Доналд Трамп за депортирање мигранти.
Буенос Аирес - Се објавува индексот на потрошувачките цени за јануари во Аргентина, каде има опаѓање на инфлацијата која во април 2024 година изнесуваше 290 проценти.
Јаунде - Камерунскиот претседател Пол Бија го слави својот 92 роденден.
Берлин - Почнува 75. Меѓународен филмски фестивал (Берлинале) кој ќе трае до 23 февруари.
Стразбур - Втор, последен дел од 16-тиот состанок на Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација ЕУ-Србија (SAPC), кој го сочинуваат членови на Европскиот парламент и на српскиот парламент.
Бања Лука - Српскиот претседател Александар Вучиќ е во дводневна посета на Република Српска (РС).