МИА Најави - свет
- Лос Анџелес – Акционерите на „Ворнер брос дискавери“ (Warner Bros Discovery) треба да гласаат за планираното спојување со „Парамаунт скајденс“ (Paramount Skydance), зделка вредна 110 милијарди долари.
23 април 2026
Никозија – Започнува неформалниот состанок на лидерите на ЕУ, на кој разговорите ќе бидат фокусирани на војната на Блискиот Исток, растот на цените на енергијата и долгорочниот буџет на Унијата (состанокот трае до петок).
Малабо – Папата Лав ја завршува својата десетдневна турнеја низ Африка со служење литургија на стадионот во Малабо, Екваторијална Гвинеја, по што заминува за Рим.
Франкфурт – Првите летови почнаа да полетуваат од новиот Терминал 3 на аеродромот во Франкфурт, кој ќе опслужува десетици авиокомпании, додека најпрометниот аеродром во Германија се подготвува за голема реконструкција на Терминалот 2.
Луксембург – Генералниот правобранител на Судот на правдата на ЕУ ќе го соопшти мислењето во врска со притворот на мигранти во центрите за враќање, според албанскиот модел што го применува Италија.
Луксембург – Судот на правдата на ЕУ ќе изрече пресуда за тоа дали правото на Унијата дозволува неограничени забрани за влез и престој во случаи на депортација поради терористички ризик, по упатено барање од германски суд.
Луксембург – Европскиот суд на правдата ќе донесе пресуда за државната помош на Германија за авиокомпанијата „Луфтханза“ за време на пандемијата на Ковид-19.
Лос Анџелес – Акционерите на „Ворнер брос дискавери“ (Warner Bros Discovery) треба да гласаат за планираното спојување со „Парамаунт скајденс“ (Paramount Skydance), зделка вредна 110 милијарди долари.
Њу Делхи – Во индиските сојузни држави Тамил Наду и Западен Бенгал се одржуваат избори за локалните собранија.