• сабота, 16 мај 2026
МИА Најави - МКД

4  мај 2026

Скопје - Oдбележување на 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев

- Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на панихида по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев. (црква „Св. Спас“/ 10:45, изјава за медиумите по завршувањето)

- Делегација на Собранието, во состав Велика Стојкова-Серафимовска и Фатмир Битиќи, ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. (11:00)

- Доделување на државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година за особено значајни остварувања во областа на науката, на која ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска. (Кристална сала на Собранието/12:00)

- Трибина насловена „Темел на државноста- визија за иднината“ на која ќе се обратат министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и директорот на Националната универзитетска библиотека Јовица Никчевски. (Свечена сала во Владата/ 13:00)

- Претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев, по што ќе даде изјава за медиуми  во црквата „Св. Спас“. (11:00) 

Штип -  Универзитетот „Гоце Делчев“ и Општина Штип ќе ја одбележат 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев. (Во дворот на ректоратот на УГД/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно - правна комисија. (Сала 4/11:20)

 Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 6/12:00)

Скопје - Амбасадорот на Шведска, Ола Сулстром, од денеска до 9 мај ќе патува низ Македонија, посетувајќи ги поголемите градови.

Битола - Прес - конференција на градоначалникот Тони Коњановски и директорот на ЈОУ КИЦ Битола-Офицерски дом, Димитар Михајловски за првото издание на „Вински фестивал“ Битола, нов градски фестивал посветен на виното, музиката и урбаното дружење. (Офицерски дом / 11:00)

Битола -  Концерт  „Филмски класици“ со меѓународен оркестар од млади уметници кои изведуваат филмска музика, како дел од проектот „Креативна Европа“. (Во Јуроп Хаус - Битолa, лоциран во Офицерскиот дом)

Скопје - „Млади за млади“ – концерт на Светле Васковска (флејта). (Музеј на македонската борба – Скопје/19:00)

Скопје - Промоција на поетската книга „Некој друг“ од Јовица Ивановски. (Лабораториум/20:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан