• вторник, 30 декември 2025
МИА Најави МКД

26 декември 2025

Скопје - Собранието ќе ја одржи 75. пленарна седница. (Сала „Македонија“/13:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија. (Сала 4/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/10:30)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе присуствуваат на промоцијата на новите возила на македонската полиција. (Во кругот на Министерството за внатрешни работи/11:00, предвидена е изјава за медиуми)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе учествува на конференција посветена на формалното образование за ученици на подолго болничко лекување. (Музеј на македонската борба/11:00)

Скопје - Заедничка прес-изјава на Елена Петрова, директорка на Управата за јавни приходи и Сашо Клековски, генерален директор на Фондот за здравствено осигурување. (Прес-сала на Владата/10:30, по завршување на изјавите, предвидени се новинарски прашања)

Скопје - Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски ќе одржи годишна прес-конференција на која ќе бидат презентирани активностите на Судот во изминатата година, како и приоритетите за наредниот период. (Постории на Уставниот суд/12:30)

Скопје - Прес-конференција по повод промоција на поштенската марка со ликот на Алија Изетбеговиќ. (Простории на Бошњачкиот национален совет, ул. „Македонија“ бр. 43-2/9 /10:00)

Скопје - Здружението „Бадникови поворки“ ќе одржи прес-конференција на која ќе ја објави програмата на Бадниковата манифестација 2026. (Плоштад „Македонија“/13:00)

Скопје - ЗГ Контрапункт и КРИК - фестивал за критичка култура ќе одржи настан посветен на Театарот на угнетените на Аугусто Боал – театарска и општествена практика која го спојува уметничкото дејствување со борбата за правда, солидарност и помирување.
(КСП Центар Јадро/19:00)

Скопје - Здружението ИКУАЛИТИ и Скопје Сити Мол организираат инклузивна новогодишна забава. (Сити мол/10:00)

Скопје - Изведба на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. (Македонска опера и балет)

Скопје - „Mahmut Orhan - The Arena Experience“ во организација на Music Rituals. (Арена „Борис Трајковски“)

Скопје - Пијано концерт на Арда Мустафаоглу. (Cevahir Mall Skopje/18:00)

 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан