• петок, 15 мај 2026
МИА Најави МКД

12 мај 2026 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 6/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Средба на пратеници со ученици од програмата „Најгласни“. (Сала „Борис Трајковски“/10:30)

Скопје -  Премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025. (х. „Мериот“/9:30)

Скопје - Јавна расправа по Предлог законот за пробација на која ќе учествуваат министерот за правда Игор Филков, директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов и претседателот на Здружението за кривично право и криминологија Александра Груевска Дракулевски. (МАНУ/11:00)

Скопје - Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски заедно со главните извршни директори на А1 Македонија, Методија Мирчев и на Македонски Телеком, Горан Марковиќ ќе информираат за проширување на М-таг услугата. (Во просториите на Контролниот оперативен центар Петровец, лоциран на патарина Петровец/12:00)

Скопје - Македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“ во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и во соработка со Амбасадата на Република Албанија во Скопје. (х. „Александар Палас“/9:30)

Скопје - Портпаролката на Владата Марија Митева и Бобан Милошески од „Авалон Продукција“ ќе одржат прес-конференција по повод одбележувањето 35 години независност. (Ресторан „Пелистер“, плоштад „Македонија“/11:15)

Тетово - Свечена академија „Силата на единството. Македонските сестри поврзани со светот“ по повод Меѓународната недела на сестринството.  (Дом на културата/16:00)

Скопје - Во организација на Институт за национална историја ќе се одржи XV студиски ден на тема „Шеријатското судство во Вардарска Македонија меѓу двете светски војни“. (Институтот за национална историја/12:00)

Скопје - Изложба и уметничка средба „Вкрстени погледи: културно наследство и современа уметност“. (Француски институт/19:00)

Скопје -  Промоција на книгата „Кој ти дозволи да шеташ низ туѓи соништа во ниедно време“ од Владимир Лукаш, визуелен уметник, писател и музичар од Скопје. (КИЦ Скопје, салон Империјал 2/19,19)

Штип -  Концерт на „Трио Академико“ на отворањето на Фестивалот на современа музика 2026. (Галерија „Безистен“ /19:00)

Скопје - Самостојна изложба на Валентина Поцеска под наслов „Како вода за чоколада...“. (Национална галерија на Македонија, објект Чифте амам/20:00) 

Скопје - Концерт по повод Светскиот ден на хармониката. (НУ Филхармонија/20:00)

 

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан