5 мај 2026
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)
Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром. (Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски/10:30)
Скопје - Одбележување на 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
- Собраниската Комисија за култура и туризам ќе го одбележи 5 Мај - Денот на македонскиот јазик, а по повод јубилејот 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонски јазик „Македонска граматика“ од Круме Кепески. (Сала „Борис Трајковски“/10:30)
- Филолошкиот факултет ќе одржи трибина „Состојбите во современиот македонски јазик македонскиот јазик во правните акти по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, голем амфитеатар/13:00)
- Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје ќе го одбележи 5 Мај - Денот на македонскиот јазик. (Амфитеатар на Институтот/9:30)
- Работилница на тема „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“. (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, мал амфитеатар/11:00)
Истанбул - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ќе учествува на 5-тиот Меѓународен форум за води, што ќе се одржи на 5 и 6 мај 2026 година во Истанбул, Турција.
Скопје - Петседателот на Стопанска комора Бранко Азески организира работна средба со Беким Сали, прв вицепремиер и министер за европски прашања кој ќе има обраќање ќе тема: „Финансиски можности од Европската унија за развој и раст на приватниот сектор“. (Простории на Стопанската комора на Северна Македонија (сала 4 на петти кат) /13:00)
Скопје - Брифинг за новинари „Вложување во секое дете – поттикнување на човечкиот капитал, вработување на жените и инклузивен раст“, Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ. (Центар за социјални претпријатија (позади Музејот на Мајка Тереза/10:30)
Битола - Работилница за изработка на физибилити студијата за изградба на гондола на Пелистер. (Совет на Општина Битола/12:00)
Скопје - Изложба на фотографии „Паменици на заборавот“ на Виктор Сашо Димоски. (КИЦ, изложбен салон Империјал 2/20:00)
Битола - Со свечено затворање завршува овогодинешното издание на Танц Фест 2026, кое ќе биде одбележано со изведбата на претставата „Будење“, во кореографија на Рисима Рисимкин. (Народен театар/20:00)
Брисел - Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ Националниот џез оркестар ќе настапи во престижниот културен центар „BOZAR“ со својата програма „Македонски сновиденија“.
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***