• сабота, 16 мај 2026
МИА Најави - МКД

8 мај 2026

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претседателот на Плазма спортските игри Здравко Мариќ ќе се обратат на свеченото отворање на првата сезона на Плазма Спортските игри за млади. (Плоштад Македонија/12:00)

Скопје - Средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс. (Стар кабинет-Собрание/11:00)

Скопје - Втор ден од Регионалната министерска конференција „Предводење на промените: „Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ (х. Хилтон/9:30)

- Обраќање на Претседател на Собранието Африм Гаши

- Обраќање на Помошник генерален секретар и заменик-извршен директор (Програма) в.д, УНФПА, Фонд за население на Обединетите нации Пио Смит

Скопје - Министерот Игор Филков и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе ќе потпишат Рамковна конвенција за вештачка интелигенцијаќе се одржи церемонија на потпишување на Рамковна конвенција за вештачка интелигенција. (свечена сала на Владата09:40)

Скопје - Прес-конференција и официјално отворање на еко акцијата „Генералка викенд“, на која се најавени претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, градоначалникот на Град Скопјe и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер. (зад Владата покрај кејот на реката Вардар, во непосредна близина на „Кај Жабар“/изјави за медиумите од 9 до 9:20)

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити за продолжување на акцијата за отстранување на хаварисани и напуштени возила на територијата на Општина Чаир. (Општина Чаир/11:30)

Ресен - Во општина Ресен ќе се одржи трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. (општинска сала/19:00)

Тетово - На градскиот плоштад во Тетово ќе се одржи симулациска вежба по повод Неделата на сестринството, во организација на Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводен од Здружението „ЗА НАС“ на Македонија. (13:00)

Скопје - Брифинг со новинари на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, каде што ќе бидат споделени наоди и препораки од Анализата за трошоци за специјализирани услуги за жртви на родово базирано и семејно насилство. (х. „Мериот“-Скопје/09:30 – 11:00; по брифингот од 11:30 часот ќе следи јавна промоција на анализата и панел-дискусија)

Скопје - Прес-конференција на Коалицијата „Менуваме“ посветена на тековните кршења на правата на лицата со попреченост. (Комисија за спречување и заштита од дискриминација/14:15)

Венеција - Со претставување на проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ (Will my eyes be closed or open?) на уметникот Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес свечено ќе биде отворен македонскиот павилјон на најпрестижната меѓународна изложба на современата уметност во рамките на 61. Биенале на уметноста, што ќе се одржува од мај до ноември 2026 година во Венеција. (локација Спацио Кастело 77 на влезот во престижното Арсенале/13:30)

Битола - „Парламентарен караван“ гостин на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. (Студентски информативен центар/11:00)

Битола - Промоција на збирка поезија „Патување до бескрајот“ од авторот Илче Стојановски. (Универзитетска библиотека/19:00)

Велес - Премиера на претставата „Затворенички“. (Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“-Велес)

Скопје - Отворање на изложбата „Паметници на заборавот: нашата земја ја нема, а ние постоиме“ на фотографот Сашо Димоски. (продажен салон на КИЦ – Скопје/18:00)

Истанбул - Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, во соработка со Националната галерија на Македонија, ќе ја отвори изложбата „Архивски документи“ на истакнатата македонска уметница Жанета Вангели. (19:00)

Скопје - Прес-конференција за Европско првенство во решавање шаховски проблеми. (х. „Континентал“-Скопје/12:00)

Скопје - Официјално отворање на N99 – првиот Deep Tech Park во Република Северна Македонија. (N99 TECH Park/бул.„Киро Глигоров“ бр.5/18:30)

Скопје - Прес-конференција по повод најавата на фестивалот „Фолк Фест Валандово 2026“. (Порта Македонија/11:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан