МИА Најави МКД
- Скопје - Официјален почеток на Пазарот во тековниот ден на кој ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, генералниот директор на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, генералниот директор на БСП и претседател на Управниот одбор на АДЕКС, Анже Предовник, како и Мартин Мартиновски, експерт за електрична енергија и статистика во Енергетската заедница. (х.„Холидеј Ин“ /11:00)
6 мај 2026
Скопје - Официјален почеток на Пазарот во тековниот ден на кој ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, генералниот директор на МЕМО Зоран Ѓорѓиевски, генералниот директор на БСП и претседател на Управниот одбор на АДЕКС Анже Предовник, како и Мартин Мартиновски, експерт за електрична енергија и статистика во Енергетската заедница. (х.„Холидеј Ин“ /11:00)
Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе присуствува на отворањето на вториот дел од реконструираното Одделение за управни работи во зградата на МТВ. (12:00)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на последната панел-дискусија во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“. (Клуб на пратеници/11:00)
Скопје - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе се обрати на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители. (х. „Александар Палас“/09:30, изјави за медиумите/10:00)
Скопје - Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер ќе се обратат на конференцијата „Вложување во секое дете – поттикнување на човечкиот капитал, вработување на жените и инклузивен раст“. (х. „Мериот“/11:00)
Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 12. седница. (Уставен суд/9:30)
Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. (Парк на Франкофонија/12:00)
Градско - Трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ што ја организира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Општинска сала/ 19.00)
Скопје - Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) организира научна расправа на тема „Кривично-правен и граѓанско-правен статус на правните лица“. (МАНУ/12:00)
Скопје - Институтот за национална историја – Скопје, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер организира настан „Дијалог за историја и стратегија“ на тема „Основачкиот момент на Европа: Зошто беше создадена Европската Унија и што значи таа денес“. („Порта Македонија“/10:30 - 11:00)
Скопје - Дипломатскиот клуб - Скопје и Правниот факултет во рамки на УКИМ организираат конференција „30 Години на европскиот пат: Северна Македонија - Европска унија - следни чекори“. (Правен факултет - УКИМ/10:30)
Скопје - Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) организраат настан по повод одржување обука за перименопауза наменета за здравствени работници. (х. „Холидеј Ин“/13:30, изјави за медиумите ќе дадат Оливера Стојковска од ХЕРА, Марта Тунџева, докторка по семејна медицина и Стефанија Митровска од ЈЗУ УК за психијатрија/13.00)
Скопје - Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ организира хуманитарен концерт „Ѓурѓовден кај Ѓорѓи Марјановиќ“. (Салон „19-19“/20:00)
Прилеп - Прес-конференција по повод објавувањето на програмата на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп. (Центар за култура „Марко Цепенков“/13:00)
Скопје - Работилница за креативно пишување проза наменета за ученици од средните училишта, која ќе ја водат писателите Петар Андоновски и Фросина Пармаковска. (КИЦ, Салон – Империјал 1/12:00)
Скопје - Промоција на дванаесеттата збирка поезија на академик Влада Урошевиќ, насловена „Кула крај море“. (Литературно кафе „Метаноја“/19:00)
Скопје - Со проекцијата на филмот „Марија" (2024) продолжуваат месечните „Кино средби" во организација на Францускиот институт во Скопје и Кинотека. (Кинотека/20:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“. (Галерија на МКЦ/20:00)
Скопје - Прес-конференција по повод настанот „Нож и виљушка на европска чинија“. (Парк на Франкофонијата/11:45)
Скопје - Почнува Неделата на автентична мексиканска кујна „Flavors of Mexico“. (Park Hotel & Spa)
Скопје - Џуниор Ачивмент Македонија го организира 9. Национален натпревар на ученички компании за учебната 2025/2026 година. (ТЦ „Веро Џамбо“)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***