• петок, 15 мај 2026

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

29 април 2026 

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој ќе престојува во официјална посета на земјава (пристигнување на акредитираните медиумски екипи во Кабинетот на претседателот во 10:00)

- пречек со највисоки државни и воени почести (10:30)

- тет-а-тет средба (10:45)

- пленарен состанок на двете делегации (11:05)

- заедничка прес-конференција (11:50)

-положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев (12:45)

- Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан ќе присуствуваат Ги Пармелан ќе присуствуваат на бизнис средба помеѓу швајцарските и македонските стопанственици во винарија Камник. (Изјава за медиуми пред почетокот на средбата на Мицкоски и Пармелан/16:30)

Скопје - Средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан. (Сала „Длаборез“/13:30)

Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 98. седница. (Сала „Македонија“/13:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/12:00)

Скопје - Клубот за младински прашања ќе одржи Јавна расправа на тема: „Влијанието на употребата на социјалните мрежи врз младите и нивното ментално здравје“. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Прес-конференција на пратеничката Весна Бендевска. (Прес-центар/12:30)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на седницата на Комитетот за јавни инвестиции. (Министерство за финансии/11:00, изјава за медиуми по завршување на седницата)

Гостивар - Министерот за здравство, Азир Алиу ќе ја посети Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, по повод примопредавање медицинска опрема во рамки на проектот PeriMAC. (9:00)

Скопје - Народниот правобранител и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото” финансиран од Европската унија организираат Конференција за медиуми на која ќе бидат презентирани наодите од Анализата за сексуалната злоупотреба на деца во Република Северна Македонија: состојба, институционален одговор и предизвици. (во просториите на Народниот правобранител во Скопје/10:00)

Скопје - Регионален форум за управување со отпад, „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“. (во х. „Холидеј Ин“/10:00)

Скопје - Јавна расправа на Клубот за младински прашања на тема: „Влијанието на употребата на социјалните мрежи врз младите и нивното ментално здравје“.(Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Прес-конференција на пратеничката на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска. (Прес-центар на Собрание/12:30)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. (во Работнички дом на ССМ на 10-ти кат/11:00)

Скопје - Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија - СОНК, во пресрет на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, организира Конференција на тема: „Трудови политики и колективни договори - законска рамка, примена и предизвици“. (11:00, а изјава за медиуми на претседателот на СОНК и од учесниците во 10:45)

Скопје - Филозофското друштво на Македонија организира предавање на современиот кинески филозоф Оујанг Канг (Ouyang Kang). Темата е ултра предизвикувачка и гласи: „Генеративната вештачка интелигенција и нејзините значења од перспектива на социјалната епистемологија“ (Generative Artificial Intelligence and its Meanings in the Perspective оf Social Epistemology). (МАНУ-Афитеатар/12:00)

Делчево - Во општина Делчево ќе се одржи трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.(Спомен дом АСНОМ-Делчево/во 19:00) 

Скопје - Во Скопје ќе се одржи национална конференција на тема „Родово базирано насилство во спортот“. (во х„Холидеј Ин“/10:00) 

Скопје - По повод одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинарите на Македонија организираат доброволно дарување крв на новинарите и медиумските работници. (во просториите на дневниот центар на Црвениот крст на град Скопје - улица: 11 Октомври 42а, 1000 Скопје, Македонија; од 08:00 до 14:00 часот; прес-конференција во 10:00)

Скопје - Скопје ќе биде домаќин на Форумот за културна мобилност 2026. (конференциски дел ќе се одржи во Албанскиот театар 09:00-12:30 и во МКЦ од 14:30-16:30) 

Скопје - Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) и Партнери Србија, во соработка со Фондацијата Метаморфозис ја организираат „Работилница за дигитални платформи и управување со онлајн медиуми во Северна Македонија“. (х. „Солун“/од 10:00 до 14:30)

Скопје - Републичкото здружение за девцата бегалци „Т'га за југ“, Институт за македонски јазик „Кртсе Мисирков“, Институт за македонска литература, Институт за национална историја и Институт за фолклор „Марко Цепенков“ ја организираат трибината „Култура, идентитет, традиција“. (Амфитеатар на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“/11:00) 

Скопје - Отворање на изложбата посветена на делото и истражувачкиот пат на Кирил Трајковски, насловена „По трагите на македонската средновековна археологија - низ археолошките локалитети во Мородвис и Кожле“. (во просториите на Археолошкиот музеј на РС Македонија/14:00)

Скопје - Прес-конференција на Македонскиот народен театар во пресрет на премиера на претставата „Западен експрес“. (Малата сцена во МНТ/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Здружението на лица со посебни потреби SOS VITA – Скопје за прашањето поврзано со нееднаквиот третман на организациите во државата. (Простории на здружението SOS VITA – Чаир/ 12:00)

Скопје - Во рамки на програмата за култура на Општина Центар, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт под отворено небо на скверот „За убави маалски дружби“. (19:00)

Скопје - Мрежа Стела ја организира работилницата за интерсекциско раскажување вистина „Чија вистина?“. во Europe House во Скопје. (10:00 – 15:00)

Скопје - Националниот џез оркестар, во партнерство со Општина Кисела Вода, го започнува големиот десетгодишен јубилеј на фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“. (во паркот „Фредерик Шопен“ во Кисела Вода/12:00)

Битола - Свечено затворање на Интернационален фестивал на монодрама. (Центар за култура/20:00)

Софија - Во Македонскиот културен центар во Софија ќе бид еотворена изложбата „Ехо во мразот“ од еминентниот македонски ликовен уметник Исмет Рамиќевиќ. (18:30)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан