15 мај
Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Собрание, Сала 5/10:30)
Скопје – Седница на Законодавно-правната комисија на Собранието. (Собрание, Сала 6/10:45)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание, Сала 4/11:00)
Скопје – Отворање изложба во чест на претседателот Трајковски „Животот и делото на Борис Трајковски низ фотографии“. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/11:00)
Скопје – Седница на Комитетот за односи меѓу заедниците. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/12:00)
Кичево - Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Кичево каде ќе изврши увид во реконструкција на спортската сала „Јанчица“ и на улицата „Маршал Тито“, како и на улицата во село Србица, каде што ќе даде изјава за медиуми. (11:30)
Скопје - Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија. (Управна зграда на А1 Македонија, Плоштад Пресвета Богородица бр.1/12:00)
Скопје - Прес-конференција на министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. (Министерство за економија и труд/10:00)
Скопје - Прес-конференција на министерката за образование и наука Весна Јаневска и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Дејан Мираковски. (МОН/11:30)
Скопје - Прес-конференција по повод отворањето на петтото издание на „Недела на женско здравје 2026“, во организација на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО. (х. Холидеј Ин – Сала Милениум 1/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Движењето ЗНАМ. (Седиште на ЗНАМ/11:30)
Скопје – Книжевна средба со естонската реномирана поетеса Дорис Карева во рамките на третото издание на манифестацијата „Денови на поезијата“, во соорганизација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. (Библиотека за македонска книжевност и култура/12:00)
Скопје - Институтот за семејни студии и Факултетското студентско собрание при Филозофскиот факултет – Скопје ќе го одбележат Меѓународниот ден на семејството преку низа активности посветени на семејството, заедништвото и семејната резилиентност. (Филозофски факултет/10:00 до 14:15)
Скопје – Премиера на драмската претстава „Џо во земјата на чудата и пиперките“. (КИЦ, Салон 19,19/19:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Резолуција на остатоците“ на Зорица Зафировска. (КИЦ, галерија Империјал 1/20:00)
Скопје – Самостојна изложба „Дуалност — секој поглед е своја страна“ на Данијела Ефнушева. (Дом на култура „Кочо Рацин“/19:00)
Скопје – Прес-конференција на Атлетскиот клуб Работнички за претстојниот Сениорски куп во атлетика. (Национална арена „Тодор Проески“/10:00)
Скопје - Завршен настан на Мини олимписките игри. (СЦ „Јане Сандански“/10:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***