2 август 2026
Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката ќе се обрати пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје и ќе положи цвеќе пред спомениците на Никола Карев, АСНОМ и Методија Андонов-Ченто:
- Полагање цвеќе пред споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, пред македонското Собрание. (10:00)
- Полагање цвеќе пред споменикот на АСНОМ, во паркот „Жена-борец“. (10:20)
- Полагање цвеќе пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, на плоштадот „Македонија“. (10:40)
- Обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова пред споменикот на Методија Андонов-Ченто. (11:00)
Крушево - Собраниска делегација, во име на претседателот на Собранието Африм Гаши, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, во состав: Никола Мицевски, Петар Ристески и Митко Трајчулески ќе го одбележи 2 Август - Денот на Републиката.
- Положување цвеќе на гробот на Никола Карев, Македониум (9:30)
- Положување цвеќе на Споменикот на хероите на месноста „Слива“. (10:00)
- Панихида, храм „Свети Никола“. (11:00)
- Голем народен собир на „Мечкин Камен“: Церемонија на положување свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република; Интонирање на химната; оздравно обраќање до присутните; Обраќање на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски; Културно уметничка програма, настап на НУ „Танец“. (12:00)
Пелинце - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе се обрати на чествувањето на 2 Август во Пелинце. (Меморијален центар АСНОМ/ 09:00)
Крушево - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе присуствува на одбележувањето на 123 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. (Положување на цвеќе на гробот на Никола Карев-Македониум/9:30, Положување на цвеќе на Споменикот на хероите на месноста „Слива"/10:00, Панихида, Храм Свети Никола/11:00, Голем надорен собир на Мечкин Kамен/12:00)
Пелинце - Собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски и Јованка Тренчевска, ќе одбележи 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со положување свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. (9:00)
Скопје - Собраниска делегација, предводена од потпретседателката Весна Бендевска, во состав: Велика Стојкова-Серафимовска, Драган Недељковиќ и Благој Бочварски, ќе положи свежо цвеќе во Скопје: Споменикот на Никола Карев , пред Собранието (10:00); Споменикот на АСНОМ, Парк „Жена борец“ (10:20); Споменикот на Методија Андонов-Ченто, Плоштад „Македонија“ (10:40).
Крушево - Претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе престојува во Крушево на чествување на 2 Август - Илинден, Денот на Републиката. (изјава за медиуми пред пред споменикот Македониум/9:00)
Битола - Традиционална, 55. Светска македонска иселеничка средба и 46. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија како една и единствена Семакедонска средба. (Храм „Успение на Пресвета Богородица“, Трново/10:30 ч.)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***