23 април 2026
Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе оствари средба со претседателот на Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Кемал Адемовиќ. (Собрание на РСМ, сала „Длаборез“ /11:00)
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 98.седница. (Сала „Македонија“/ 13:00)
Скопје - Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите ќе одржи надзорна расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“. (Сала „Борис Трајковски“/11:00; пред почетокот на настанот изјава за медиуми ќе даде Жаклина Пешевска, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 5/10:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/10:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 5/12:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6 /12:15)
Скопје - Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, ќе присуствува и ќе го отвори работниот состанок на тема: „Коридор 8 - активности и проекти”, кој се организира во соработка со Делегацијата на Европската Унија. (Работниот состанок е од затворен карактер; Изјави за медиуми на замeник-претседателот на Владата, Александар Николоски, и заменик-шефот на Делегацијата ЕУ, Бен Нупнау во Клуб на пратеници / 10:00)
Скопје - Mинистерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на конференција со која ќе биде означен почетокот на втората фаза на проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија 2026–2028“. (х. „Холидеј ин“/11:15)
Струга - Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, во официјална посета на општина Струга и средба со градоначалникот Менди Ќура. (Општина Струга/15:00; Изјави за медиуми /16:00)
Пробиштип - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство организира трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ (Дом на културата/ 18:00)
Скопје - Град Скопје организира конференција „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје“. (х. „Александар палас“ / 10:00)
Скопје - Независниот академски синдикат организира дебата со кандидатите за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. (Институт за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје / 18:00)
Штип - Отворање на Меѓународната стартап академија, која се реализира во координација помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип и Американско катче – Штип, со поддршка на Амбасада на САД во Северна Македонија. (Предавална 6 на Економскиот факултет при УГД - Штип / 11:00; Изјави за медиуми во холот на Економскиот факултет / 10:45)
Скопје - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ќе го отвори Вториот регионален саем за економски развој „ЕКСПО Илинден“. (Спортска сала „Гоце Делчев“ во населено место Илинден / 12:00)
Скопје - Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ ќе ја промовира новата регионална платформа за вработување во Западен Балкан - „Balkan Job Market“. (Европска куќа / Europe House /15:30)
Ресен - Панел-дискусија „За почиста Преспа: заеднички чекори за подобро управување со отпад“, во организација на Институтoт за комуникациски студии. (ПЛУС Акцелератор во СОУ „Цар Самоил“/11:00)
Гевгелија - Јавна трибина „Актуелни состојби и еколошки предизвици на Вардарскиот речен слив“. (Народен театар, мала сала / 11:00)
Скопје - Доделување награди - статуетки на жени менаџери по повод 30-годишниот јубилеј на проектите на „Марили“ - „Избор на најуспешни жени менаџери“ и „Бизнис-каталог на Р. Македонија“. (х.„Хилтон“)
Скопје - Официјално отворање на 38. Саем на книгата, под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“. (Арена „Борис Трајковски“/13:00)
Битола - Прес-конференција за премиера на претставата „Секстет“ од Марк Камолети во режија на Марјан Георгиевски (Народен театар Битола / 10:00)
Битола - Свечено отворање на Интернационалниот фестивал на монодрама. (Центар за култура / 20:00)
Скопје - Во рамки на „Танц фест 2026“ ќе се одржат Денови на македонски кореографи и Скопје танцова платформа, со изведба на кореографии. (Националната опера и балет / 20:00 и Македонскиот народен театар / 21:00)
Битола - Промоција на книгата „Низ детските очи“ од авторката Маја Богоевска. (Кино „Манаки“ / 18:00)
Охрид - Отворање на изложбата „Наследена носија“ на Мила Добревска. (Куќа на Робевци/ 19:00)
Битола - Изложба на уметнички слики од Македонка Димова Дона (Офицерски дом / 19:00)
Скопје - Прес-конференција по повод партнерството помеѓу „Касинос Австрија интернешенал Македонија“ и РК „Вардар 1961“. (Прес-центар на СЦ „Јане
Сандански“/13:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***