30 април 2026
Скопје - Собранието ќе ја одржи 101-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/14:15)
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Сала на Уставна комисија/14:00)
Загреб - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во работна посета на Загреб, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.
Скопје - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и министерот за спорт, Борко Ристовски ќе присуствуваат на поставување камен-темелник на трибината на фудбалскиот стадион во општина Илинден. (11:00)
Делчево - Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ќе се обрати на отворањето на Првиот бизнис форум „Заедно да подадеме рака на развојот“ во организација на Општина Делчево и Македонско-Бугарската стопанска комора. (Спомен дом АСНОМ/12:00)
Скопје - Стручна расправа на тема „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“ во организација на Фискалниот совет. (МАНУ, Амфитеатар/10:00)
Скопје - Официјално врачување на наградите за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“, објавени во периодот мај 2025-април 2026 година, што ги доделува Советот за етика во медиумите на Македонија, како активност во проектот „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа: Поддршка на новинарството како општо добро“ поддржан од УНЕСКО и од Европската Унија. (Европска куќа - Скопје/11:00)
Скопје - Предавање на тема „Поглед кон ропството во античка Македонија“ на проф. д-р Дамјан Донев. (Институт за национална историја/12:00)
Битола - УКЛО Тривиум, натпревар за оратори. (Офицерски дом/11:00)
Тетово - Прес-конференција на Форумот за образовни промени. (Простории на Форумот за образовни промени, ул. „Илинденска“ бр. 0-9/37, спроти Макпетрол/11:00)
Скопје - Презентации и дебата „Држејќи ја линијата: Практики, структури и солидарност во визуелните уметности“. (КСП Центар-Јадро/11:00)
Битола - Промоција на мултимедијален проект „Гестови“. (Офицерски дом/19:30)
Скопје - „Сесија за музичката сцена“ во рамки на „Форумот за праведност во културната мобилност“. (Лабораториум/9:30)
Скопје - Премиера на претставата „Западен експрес“, копродукциски проект помеѓу МИ Филм, Sadsongskomplex:fi и Македонскиот народен театар. (МНТ, мала сцена/20:00)
Скопје - Фестивал „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“, по повод Меѓународниот ден на џезот. (Парк „Ибни Пајко“/16:00)
Битола - Концерт на квартетот Кондовски/Јовановиќ/ Букршлиев/Спировски. (Кафе бар Порта Џез/21:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***