• сабота, 16 мај 2026
МИА Најави МКД

25 април 2026

Велес - Трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Општина Велес/18:00)

Скопје - Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира Отворен ден и натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации. (10:00)

Битола - Менса Македонија организира тестирање на интелигенција за прием на нови членови. (Меѓународен Славјански Универзитет, ул.„Прилепска 90а“/12:00)

Скопје - Финален натпревар во категориите по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција RoboMac 2026 и RoboMac Junior 2026 на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). (Амфитеатар/18:30)

Скопје - Бесплатна тура со стручен водич низ постземјотресните обележја, запознајте го Центар чекор по чекор. („Плочник“ кај Градски ѕид/12:00)

Скопје - Настан „Вечер на нациите“ во рамки Светското училишно првенство во ракомет. (х. „Холидеј Ин“/19:00)

Куманово - Улична акција „Уметност против омраза“ во организација на Неформалната група на мировни активисти и Здружението на визуелни уметници ФОРМА. (ул.„Моша Пијаде“ бр21/10:00)

Скопје - Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт за најмладите - „Оловното војниче” од Ханс Кристијан Андерсен на музика од македонскиот композитор Филип Иванов. (Филхармонија/12:00)

Скопје - Генерално собрание на Европската танцова мрежа на фестивали.

Битола - Интернационален фестивал на монодрама – програма:

-Монодрама „Ноти“ во изведба на актерката Андреа Танасе од Романија (Центар за култура, голема сцена/18:30)

-Монодрама „Кротка“ во изведба на актерот Сашко Орешков од Македонија (Центар за култура, нова сцена/20:00)

- Монодрама „Човечкиот глас“ во изведба на актерката Валерија Емељанова од Чешка (Центар за култура, бар-сцена/21:30)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан