• сабота, 16 мај 2026
МИА Најави МКД

24 април 2026

Скопје - XX Конференција на претседатели/спикери на парламенти на Јадранската и Јонската иницијатива. (Кристална сала/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/12:00)

Скопје - Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе присуствува на отворањето на нова Лабораторија за претклинички вежби на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. (9:00)

Штип - Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе присуствува на официјалното воспоставување на Интегриран центар за безбедносни операции (SOC) на Западен Балкан со седиште на Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. (Ректорат на УГД/11:00 изјави за медиумите/11:20)

Охрид - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе престојува во работна посета на Охрид.

- Љутков ќе се обрати на прес-конференција по повод објавувањето на програмата за 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“. (х. „Инекс Олгица“/10:30)

- Во 11:30 часот министерот ќе ја посети Самуиловата тврдина и локалитетот Манчевци во старото градско јадро на Охрид. (Предвидена е изјава за медиумите во цитаделата на Самоиловата тврдина/ 11:45)

Скопје - Тркалезна маса - Проценка на потребите и развојните приоритети на училиштата во кои се изучуваат јазиците на припадниците на заедниците кои се под 20 проценти“. (Клуб на пратеници/11:00)

Скопје - Управата за заштита на културното наследство ќе одржи јавна расправа поврзана со предлог – стратегија за заштита и користење на културното наследство. (Археолошки музеј на Македонија/10:00)

Битола - Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележува Денот на основањето,  25 април 1979 година, со традиционален настан Отворен ден – УКЛО и пријателите. (Офицерски дом/11:00)

Скопје - Дискусии во рамките на проектот Форум за интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“. (Соборен  храм „Свети Климент Охридски“/17:30)

 Скопје - 11-ти CASSINI Хакатон: Вселената за водата. (ИТ хабот Netaville)

Скопје - Свечено доделување на наградите на МАИ 2026 за најзначајни достигнувања во областа на издаваштвото во периодот меѓу двата саеми и панел-дискусија со учесниците на Фелоушип-програмата на МАИ на тема „Македонското издаваштво во контекст на современите издавачки текови“. (Промо центар на Саемот на книгата/13:00/16:00)

Скопје - Книжевна средба насловена „Tворештвото на Ани Ерно: сеќавање, жена и општество", по повод Светскиот ден на книгата. (Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски"/13:00) 

Софија - Литературна средба „Нашето поетско ехо“, на која ќе биде претставено поетското творештво на четворица автори од Куманово. (Македонски КИЦ во Софија, ул. „Обориште“ 7/18:30)

Скопје - Републичка манифестација од областа на ликовната уметност - XVI МЛАДИНСКИ ПРОЛЕТЕН САЛОН. (Објект Мала станица/20:00)

Скопје - Промоција на романот „Луција“ од новинарката Лилјана Грџо Дамовска. (Штанд на книгоидателството Сакам книги/18:30) 

Куманово - „Помеѓу одразите“ изложба на скулптури на Слободан Милошески. (Уметничка галерија Куманово/20:00)

Струмица - Концерт на Јоанис Лакис. (Градска галерија/20:00) 

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан