МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 24 април 2026
24 април 2026
Скопје - XX Конференција на претседатели/спикери на парламенти на Јадранската и Јонската иницијатива. (Кристална сала/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/12:00)
Штип - Во рамки на Парламентарниот караван 2026, на Правниот факултет при УГД ќе гостуваат пратеници од актуелниот состав на Собранието, кои ќе дискутираат со студентите и ќе одговараат на нивни прашања.(Правен факултет на УГД/11:00, изјави за медиумите во 12:30)
Скопје - Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе присуствува на отворањето на нова Лабораторија за претклинички вежби на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. (9:00)
Штип - Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе присуствува на официјалното воспоставување на Интегриран центар за безбедносни операции (SOC) на Западен Балкан со седиште на Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. (Ректорат на УГД/11:00 изјави за медиумите/11:20)
Охрид - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе престојува во работна посета на Охрид.
- Љутков ќе се обрати на прес-конференција по повод објавувањето на програмата за 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“. (х. „Инекс Олгица“/10:30)
- Во 11:30 часот министерот ќе ја посети Самуиловата тврдина и локалитетот Манчевци во старото градско јадро на Охрид. (Предвидена е изјава за медиумите во цитаделата на Самоиловата тврдина/ 11:45)
Желино - Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во посета во општина Желинo на средба со градоначалникот на општината, Блерим Сејдиу и претставници на локалните бизниси. (Изјава за медиумите во компанијата Либерта/12:00)
Скопје - Тркалезна маса - Проценка на потребите и развојните приоритети на училиштата во кои се изучуваат јазиците на припадниците на заедниците кои се под 20 проценти“. (Клуб на пратеници/11:00)
Скопје - По повод Светскиот ден на ветеринарната професија – 25 април, Ветеринарната комора на Република Македонија организира координативен состанок со дискусија за кризата со која се соочува ветеринарниот секто. (хотел Континентал/12:00)
Скопје - Управата за заштита на културното наследство ќе одржи јавна расправа поврзана со предлог – стратегија за заштита и користење на културното наследство. (Археолошки музеј на Македонија/10:00)
Битола - Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележува Денот на основањето, 25 април 1979 година, со традиционален настан Отворен ден – УКЛО и пријателите. (Офицерски дом/11:00)
Скопје - Дискусии во рамките на проектот Форум за интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“. (Соборен храм „Свети Климент Охридски“/17:30)
Скопје - 11-ти CASSINI Хакатон: Вселената за водата. (ИТ хабот Netaville)
Скопје - Свечено доделување на наградите на МАИ 2026 за најзначајни достигнувања во областа на издаваштвото во периодот меѓу двата саеми и панел-дискусија со учесниците на Фелоушип-програмата на МАИ на тема „Македонското издаваштво во контекст на современите издавачки текови“. (Промо центар на Саемот на книгата/13:00/16:00)
Скопје - Книжевна средба насловена „Tворештвото на Ани Ерно: сеќавање, жена и општество", по повод Светскиот ден на книгата. (Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски"/13:00)
Софија - Литературна средба „Нашето поетско ехо“, на која ќе биде претставено поетското творештво на четворица автори од Куманово. (Македонски КИЦ во Софија, ул. „Обориште“ 7/18:30)
Скопје - Републичка манифестација од областа на ликовната уметност - XVI МЛАДИНСКИ ПРОЛЕТЕН САЛОН. (Објект Мала станица/20:00)
Скопје - Промоција на романот „Луција“ од новинарката Лилјана Грџо Дамовска. (Штанд на книгоидателството Сакам книги/18:30)
Скопје - Претставување на литературниот портрет на Ленче Стоименова афористичар, поет, прозаист и публицист „Отвори прозорец кон нови светови“ (СРЦ Борис Трајковски Саем на книга /14:00)
Куманово - „Помеѓу одразите“ изложба на скулптури на Слободан Милошески. (Уметничка галерија Куманово/20:00)
Струмица - Концерт на Јоанис Лакис. (Градска галерија/20:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***