МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 12 мај 2026
12 мај 2026
Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 6/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)
Скопје - Средба на пратеници со ученици од програмата „Најгласни“. (Сала „Борис Трајковски“/10:30)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025. (х. „Мериот“/9:30)
Скопје - Јавна расправа по Предлог законот за пробација на која ќе учествуваат министерот за правда Игор Филков, директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов и претседателот на Здружението за кривично право и криминологија Александра Груевска Дракулевски. (МАНУ/11:00)
Скопје - Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе се одржи брифинг со предметната обвинителка во врска со одлуката содржани во денешното соопштение на ОЈО ГОКК, а која се однесува на донесената Наредба за запирање на истражна постапка против 13 физички лица и едно правно лице. (13:00)
Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (11:30 / седницата ќе се емитува и во живо на Јутјуб каналот на ДИК
https://www.youtube.com/@secmk499/streams)
Скопје - Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски заедно со главните извршни директори на А1 Македонија, Методија Мирчев и на Македонски Телеком, Горан Марковиќ ќе информираат за проширување на М-таг услугата. (Во просториите на Контролниот оперативен центар Петровец, лоциран на патарина Петровец/12:00)
Скопје - Македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“ во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и во соработка со Амбасадата на Република Албанија во Скопје. (х. „Александар Палас“/9:30)
Скопје - Портпаролката на Владата Марија Митева и Бобан Милошески од „Авалон Продукција“ ќе одржат прес-конференција по повод одбележувањето 35 години независност. (Ресторан „Пелистер“, плоштад „Македонија“/11:15)
Тетово - Свечена академија „Силата на единството. Македонските сестри поврзани со светот“ по повод Меѓународната недела на сестринството. (Дом на културата/16:00)
Скопје - Во организација на Институт за национална историја ќе се одржи XV студиски ден на тема „Шеријатското судство во Вардарска Македонија меѓу двете светски војни“. (Институтот за национална историја/12:00)
Скопје - Изложба и уметничка средба „Вкрстени погледи: културно наследство и современа уметност“. (Француски институт/19:00)
Скопје - Промоција на книгата „Кој ти дозволи да шеташ низ туѓи соништа во ниедно време“ од Владимир Лукаш, визуелен уметник, писател и музичар од Скопје. (КИЦ Скопје, салон Империјал 2/19,19)
Штип - Концерт на „Трио Академико“ на отворањето на Фестивалот на современа музика 2026. (Галерија „Безистен“ /19:00)
Скопје - Самостојна изложба на Валентина Поцеска под наслов „Како вода за чоколада...“. (Национална галерија на Македонија, објект Чифте амам/20:00)
Скопје - Концерт по повод Светскиот ден на хармониката. (НУ Филхармонија/20:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***