МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 28 април 2026
28 април 2026
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 5/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (сала 4/15:00)
Скопје - Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и за здравство Азир Алиу ќе присуствуваат на промоција на Протокол за лица без државјанство. (изјави за медиуми/Клуб на пратеници/11:00)
Скопје - Финален настан на ЕУ-финансираната програма „ЕУ за општините“ (EU4M), на кој се најавени обраќања на амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и министрите за европски прашања, Беким Сали, за локална самоуправа, Златко Перински, и за култура и туризам, Зоран Љутков, како и заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски. (Национална опера и балет во Скопје/ 11:00, изјави за медиуми 10.45)
Скопје - Советот за безбедност и здравје при работа ќе одржи настан по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. (х.„Александар Палас“, конгресна сала 1/10:00)
Скопје - Здружението ЕСЕ ќе одржи брифинг за медиуми на кој ќе бидат презентирани наоди од мониторинг на Програмата за скрининг на грло на матка и препораките за унапредување на скринингот. (Јавна соба/11:00, изјави за медимите по завршување на брифингот)
Скопје - Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ќе одржи брифинг за медуми по повод Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители. (р.„Forza Fusion“, во близина на Diamond Mall, спроти зградата на Автомакедонија/10:30, изјави за медиумите)
Скопје - Објавување на добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2026 година (награда за најдобар дебитантски млад автор што ја доделува СВП под покровителство на УНЕСКО), и на Програмата за 65-то издание на „Струшки вечери на поезијата“ за 2026 година. (ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/12:00)
Скопје - „Како се обезбеди хартија за првите македонски пари“ свечен настан на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и организацијата Delta Mu Delta – Pi Alpha. (Универзитет Американ Колеџ Скопје, амфитеатар А1/13:00)
Струмица - Информативна сесија „Фер ангажман“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица. (Дом на АРМ/12:00)
Василево - Отворање на Програма за бесплатни здравствени прегледи во организација на Санте Плус Групација на болници, под покровителство на Амбасада на Република Туркије во Скопје. (Високо Маало -Општина Василево/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија за предлог законот за Влада. (седиште на Движење ЗНАМ/11:00)
Скопје - Прес-конференција по повод премиерата на „Златокоса“ од Горјан Милошевски и Драган Довлев, по мотиви од бајката „Златокоса и трите мечки“, во режија на Драган Довлев. (Театар за деца и младинци/11:00)
Скопје - Претставување на новата колекција „Блосом“ за сезона Пролет/Лето 2026, на брендот YOVA. (Кафуле Бонобо, ул.„Железничка“ 41/18:00)
Скопје - Промоција на книгата „Човекот е целина“ од Вера Симовска. (КИЦ, Салон Империјал 1/19:00)
Скопје - Промоција на книгата „Танцот на времето“ од Ели Маказлиева во рамки на Саемот на книгата. (штанд на Бата прес/18:00)
Скопје - Во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“, работена на тема „Невидливи траги“ каде со свои дела ќе се претстават 43 уметници, членови на ДЛУМ. (Музеј на град Скопје/20:00)
Скoпје - Театарска монодрама „Арто/Ван Гог“, во режија и изведба на младиот актер Бранко Михајлоски. (Public Room/20:06)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***