МИА Најави (ДПЛ)
- 5 мај 2026
5 мај 2026
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)
Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром. (Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски/10:30)
Скопје - Одбележување на 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
- Собраниската Комисија за култура и туризам ќе го одбележи 5 Мај - Денот на македонскиот јазик, а по повод јубилејот 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонски јазик „Македонска граматика“ од Круме Кепески. (Сала „Борис Трајковски“/10:30)
- Филолошкиот факултет ќе одржи трибина „Состојбите во современиот македонски јазик македонскиот јазик во правните акти по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, голем амфитеатар/13:00)
- Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје ќе го одбележи 5 Мај - Денот на македонскиот јазик. (Амфитеатар на Институтот/9:30)
- Работилница на тема „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“. (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, мал амфитеатар/11:00)
Истанбул - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ќе учествува на 5-тиот Меѓународен форум за води, што ќе се одржи на 5 и 6 мај 2026 година во Истанбул, Турција.
Скопје - Фондот за здравствено осигурување ќе одржи брифинг на кој генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, г. Сашо Клековски, ќе ги презентира клучните резултати, финансиските показатели и реализираните активности во текот на 2025 година, како и приоритетите за понатамошен развој на системот на здравствено осигурување. (ФЗОМ/11:00/Изјава за медиуми)
Скопје - Петседателот на Стопанска комора Бранко Азески организира работна средба со Беким Сали, прв вицепремиер и министер за европски прашања кој ќе има обраќање ќе тема: „Финансиски можности од Европската унија за развој и раст на приватниот сектор“. (Простории на Стопанската комора на Северна Македонија (сала 4 на петти кат) /13:00)
Тетово - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со реализација на серија работилници „Ангажманот на локалната заедница во управување со популацијата на кучиња” коишто ќе се реализираат во рамки на иницијативата за решавање на проблемот со бездомните кучиња во земјава. (Општина Тетово со почеток од 13:00/Изјави за медиумите 12:45/Инсерти 12:50-13:15)
Скопје - Прес-конференција на СДСМ на којашто ќе се обрати генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ. (Пред Министерство за правда/10:30)
Скопје - Брифинг за новинари „Вложување во секое дете – поттикнување на човечкиот капитал, вработување на жените и инклузивен раст“, Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ. (Центар за социјални претпријатија (позади Музејот на Мајка Тереза/10:30)
Тетово - Акција за чистење во село Бродец во рамки на „Генералка викенд“, на која ќе учествуваат градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, како и австрискиот амбасадор, Мартин Памер, заедно со претставници на компанијата Заубермахер. (Во текот на акцијата се предвидени изјави за медиумите/11:00)
Битола - Работилница за изработка на физибилити студијата за изградба на гондола на Пелистер. (Совет на Општина Битола/12:00)
Скопје - Изложба на фотографии „Паменици на заборавот“ на Виктор Сашо Димоски. (КИЦ, изложбен салон Империјал 2/20:00)
Битола - Со свечено затворање завршува овогодинешното издание на Танц Фест 2026, кое ќе биде одбележано со изведбата на претставата „Будење“, во кореографија на Рисима Рисимкин. (Народен театар/20:00)
Брисел - Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ Националниот џез оркестар ќе настапи во престижниот културен центар „BOZAR“ со својата програма „Македонски сновиденија“.
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***