Меџити: Чаир ги отвори вратите со почит за претседателот Бајрам Бегај
- Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го пречека претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, во рамки на неговата официјална посета на државава, при што Чаир беше првата точка од оваа државна посета.
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го пречека претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, во рамки на неговата официјална посета на државава, при што Чаир беше првата точка од оваа државна посета.
Посетата,како што информираат од локалната самоуправа започна со институционален прием во просториите на Општина Чаир, каде што се одржа средба во духот на меѓусебно почитување и соработка. Во продолжение, програмата беше насочена кон историската и културната симболика на Старата чаршија, кулминирајќи со свечено положување цвеќе пред споменикот на националниот херој Ѓорѓ Кастриот – Скендербег.

-Денес Чаир покажа институционално достоинство и традиција на гостопримство. Оваа посета ја потврдува нашата блискост со Албанија и посветеноста за продлабочување на соработката на сите нивоа, истакнал градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.вј/
Фото: Општина Чаир