• петок, 21 февруари 2025

Меџити: Демократското движење не е само политичка партија, туку движечка сила која ги носи промени

Меџити: Демократското движење не е само политичка партија, туку движечка сила која ги носи промени

Скопје, 17 февруари 2025

Демократското движење продолжува со своето засилување, а Сарај стана уште еден важен симбол на оваа експанзија! Вечерва, во присуство на голем број поддржувачи и активисти, се формираше Општинскиот огранок на ЛД во Сарај, како уште еден столб на политичката визија и ангажман за промени.

За претседател на оваа стратешки значајна организација беше избран Мухамед Елмази, извршен директор на „Номагас“, докажан кадар со искуство и капацитет за водство и развој на политичката платформа на Демократското движење.

Со оваа организациска поставеност, според вицепремиерот Изет Меџити како претседател на ова партија, Демократското движење станува најмоќната политичка сила во Сарај, со јасна стратегија, конкретни цели и решителност да го донесе долгоочекуваниот политички пресврт.

-Демократското движење се зајакнува секој ден, а вечерва го одбележавме уште еден значаен момент во овој процес – формирањето на огранокот во Сарај, кој ќе биде нов центар на ангажман и визија. Ова не е обичен политички процес, туку чекор кон вистински промени. Демократското движење не е само политичка партија, туку движечка сила која ги носи промените што граѓаните ги очекуваат, изјави претседателот на ЛД, Изет Меџити.

 

Демократско движење

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан