• среда, 10 декември 2025

Меси втора година најдобар во МЛС лигата

Меси втора година најдобар во МЛС лигата

 

Мајами, 9 декември 2025 (МИА) – Аргентинецот Лионел Меси е првиот последователен добитник на наградата „Лендон Донован“ за најдобар фудбалер во МЛС лигата, откако зад себе остави одлична сезона во која ја освои шампионската титула со Интер Мајами.

Меси му се приклучи на Србинот Предраг Радосављевиќ - Преки (1997, 2003 со Канзас Сити) како единствен играч кој двапати ја освоил наградата за најкорисен играч во МЛС лигата.

Аргентинскиот ветеран имаше две асистенции во победата на Интер Мајами на домашен терен против Ванкувер од 3-1 во саботата во финалниот натпревар од плејофот за титулата.

Триесетиосумгодишниот осумкратен освојувач на „Златната топка“ постигна шест голови и додаде девет асистенции во плејофот, запишувајќи најмалку еден гол и асистенција во сите шест натпревари на Мајами.ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан