Мерц нема да присуствува на церемонијата на Комитетот за мир во Давос
- Германскиот канцелар Фридрих Мерц нема да присуствува на церемонијата на потпишување на договорот на американскиот претседател, Доналд Трамп за Комитетот за мир во Газа, бидејќи утре рано заминува од Швајцарија, изјави владиниот портпарол
Берлин, 21 јануари 2026 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц нема да присуствува на церемонијата на потпишување на договорот на американскиот претседател, Доналд Трамп за Комитетот за мир во Газа, бидејќи утре рано заминува од Швајцарија, изјави владиниот портпарол.
Тој наведе дека САД се известени за тоа и додаде дека Германија е благодарна што доби покана да се придружи на Комитетот за мир за Газа.
Го разгледуваме овој предлог и секако ќе одговориме набрзо, истакна портпаролот на германската Влада.
Трамп пред два дена изјави дека новоформираниот „неверојатен Комитет за мир“ што го почна неговата администрација би можел да ги замени Обединетите нации, кои ги критикуваше дека се „недоволни ефикасни во завршување на војните“. ми/сд/
фото: МИА архива