Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
- Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Барселона, Мемфис Депај е осуден на четири месеци затвор во Монако поради возење во алкохолизирана состојба.

Монте Карло, 7 февруари 2025 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Барселона, Мемфис Депај е осуден на четири месеци затвор во Монако поради возење во алкохолизирана состојба.
Инцидентот се случил на 6 август 2024 година, кога полицијата го запрела на проверка и му открила 1,01 промили алкохол во крвта. По завршувањето на истрагата, случајот е изведен пред суд, каде Депај доби ефективна казна.
Холандскиот интернационалец во својата богата кариера има настапувано за ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико Мадрид. Во моментов игра за бразилскиот гигант Коринтијанс.
Случувањата фрлаат сенка врз настапот на Депај во неговиот нов клуб и покренува прашања за неговата иднина во професионалниот фудбал. Се очекува Коринтијанс да даде официјална изјава за ова прашање во наредните денови. дс
Фото: Архива