Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг
- Меланија Трамп лансираше сопствена криптовалута пред денешната инаугурација на нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, како 47-ми претседател на САД.

Вашингтон, 20 јануари 2025 (МИА) – Меланија Трамп лансираше сопствена криптовалута пред денешната инаугурација на нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, како 47-ми претседател на САД.
Таа синоќа на платформата X објави дека инвеститорите сега можат да ја купат нејзината монета „$MELANIA“.
Токенот се тргуваше по 11,16 долари денеска околу 11 часот по лондонско време, што е зголемување за повеќе од 50 отсто, според CoinMarketCap, најкористениот сервис за информации за криптовалути. јт/