• петок, 21 февруари 2025

Мексиканскиот Залив преименуван во американски за корисниците на Гугл мапс во САД

Мексиканскиот Залив преименуван во американски за корисниците на Гугл мапс во САД

Вашингтон, 11 февруари 2025 (МИА) - Мексиканскиот Залив е преименуван во американски за корисниците на Гугл мапс (Google Maps) во САД, јави ДПА.

Промената е направена откако владата на новиот американски претседател Доналд Трамп еднострано го смени името на заливот.

За корисниците во Мексико, заливот останува мексикански, додека за оние во трети земји ќе бидат прикажани двете имиња.

Технолошкиот гигант ја објави промената пред неколку дена, наведувајќи ја својата „долгогодишна практика да прави промени на името кога тие ќе бидат ажурирани во официјални владини извори“. паг/

Остани поврзан