МВР Билтен
- На различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје викендов ги лишиле од слобода Д.Б.(23), Е.К.(20), М.К.(29) од Скопје, 17-годишник од село Волково, скопско, А.Ш.(33) од село Липково, општина Липково, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Скопје, 25 јануари 2026 (МИА) - На различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје викендов ги лишиле од слобода Д.Б.(23), Е.К.(20), М.К.(29) од Скопје, 17-годишник од село Волково, скопско, А.Ш.(33) од село Липково, општина Липково, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска по полноќ полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Ќ.(25) и А.Ќ.(18) двајцата од село Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, пари во различни апоени и мобилни телефони. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 24.01.2026 во 20.35 часот во село Смолари, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.М.(48) од село Дражево, струмичко. Тој околу 20.30 часот во село Смолари агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи, а во еден момент физички нападнал и еден од нив. М.М. е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во СВР Скопје на 24.01.2026 во 10:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански Одреди“ во Скопје, во продажен објект, сопственост на М.Д.(50) од Скопје, била извршена тешка кражба, при што биле одземени пари, таблети и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.01.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.С.(73) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи на подрачјето на Гази Баба во Скопје. Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор.
Во СВР Скопје на 24.01.2026 во 12:00 часот е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Ф.С.(38) и Д.С.(33) двајцата од Скопје, при што Ј.Ф.С. употребила и дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф.(60). По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.01.2026 во 20:43 часот во СВР Скопје, К.Ш.(66) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед Н.М.(44) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.ар/