МВР билтен
- СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.К. (38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.К. (38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.06.2025 во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал пријавениот, но тој не застанал и притоа од возилото фрлил кокаин, по што го сопрел возилото.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против граѓанинот П.М. поради основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, предвидено и казниво по член 366 од Кривичниот законик. П.М. на 23.09.2025 во СВР Велес на записник за примање на пријава, во својство на оштетен, пријавил двајца полициски службеници од ПС за БПС Велес за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ при вршење на работи од сообраќајната безбедност. Пријавените полициски службеници своето постапување го снимиле со мобилниот систем за снимање со камери, со што е утврдено дека П.М. лажно ги пријавил полициските службеници иако при поднесување на пријавата бил предупреден за последиците за лажно пријавување. П.М. лажно ги пријавил полициските службеници иако бил свесен и како директен учесник во настанот знаел дека полициските службеници не го сториле кривичното дело, со што погрешно и злонамерно предизвикал интервенција на органите на прогонот кон полициските службеници. Со наведеното пријавениот ги загрозил личните слободи и права, како и честа и угледот на полициските службеници кои ги пријавил.
СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. На 20.11.2025, пријавениот од лажен профил на социјална мрежа испратил пораки кои содржеле експлицитни фотографии и видеоснимки на профил на малолетничка. Со него е извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.П.(38) и Г.П.(49), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 17.11.2025 на страна на информативен портал на социјална мрежа, пријавените објавиле пост со кој повикувале на омраза и нетрпеливост.
Синоќа во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ѓ.Д.(41), С.Ж.(47) и Д.Ј.(37), сите од Скопје и Б.Т.(22) од Турција, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Во ОВР Крива Паланка утринава во 04:50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир - Крива Паланка, во атар на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Во СВР Битола вчера во 14:41 часот е пријавено дека на локален пат за село Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С.. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината е дадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С.(69), М.С.(62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(37) и А.И.(31), двајцата од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“ по член 226 од Кривичниот законик. На 29.12.2025, при контрола во атар на село Ботун, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги затекнале пријавените при неовластена сеча на дрва, од кои дел биле натоварени во возило „нисан терано“. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција, а пријавените лишени од слобода.
Ѓ.Ј.(54) од село Бели, кочанско, вчера во 08:59 часот во СВР Штип, пријави дека кај крстосницата за село Нивичани, кочанско, покрај нива пронашол неексплодирана граната. Увид е извршен, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При контрола во неговиот автомобил извршена на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа марихуана.
Во Полициската станица Гевгелија вчера во 18:30 часот е пријавено дека на сервисна улица покрај автопатот „Пријателство“, кон Граничен премин Богородица, патничко возило „даихатсу“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од село Петрово, гевгелиско, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.
Полициски службеници од ОВР Ресен вчераво 14:58 часот во село Јанковец, ресенско, го лишија од слобода А.Г.(41) од Јанковец. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно дека има 2,43 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Во ОВР Гостивар вчера 42-годишник од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 26.000 денари. Според пријавеното, тој добил СМС порака со линк наводно на „Пошта на Северна Македонија“ за ажурирање на податоци за достава на пакет. Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на лажната веб страница и набргу потоа од неговата сметка биле извршени пет трансакции кон различни субјекти, без негова согласност, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Во ОВР Кавадарци вчера во 09:28 часот е пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен Ѓ.Д.(29) од Неготино. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци во содејство со трудов инспектор.
Во ОВР Гостивар вчера 72-годишник од Гостивар пријави дека му биле злоупотребени неговите лични податоци. Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал. Како што е пријавено, тој се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги искористиле неговите податоци од лична карта за да исплаќаат добивки на трети лица и поради овие фиктивни приходи тој се соочил и со финансиски кратења на неговата пензија во Италија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во ОВР Кавадарци вчера во 09:30 часот е пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен Н.Т.(25) од село Дабниште, кавадаречко. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за Јавно претпријатие „Комуналец“ на улица „Методија Џунов Џикот“ во Кавадарци. За настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.
Во СВР Скопје вчера во 13:36 часот 16-годишник од село Грчец, општина Сарај, пријави дека околу 13:00 часот во семејниот дом дошле две машки и три женски лица и физички го нападнале неговиот брат Д.Г.(21) и неговата малолетна девојка, при што малолетничката ја земале со нив и заминале. Според пријавеното, двајца од нив, биле родители на малолетничката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
А.И.(67) од Скопје утринава во 03:35 часот во СВР Скопје пријави дека околу 01:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар, Д.А. со закана со остар предмет му го одзел мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 20:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.А.(27) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:20 часот во семејниот дом, физички ги нападнал неговите родители и со остар предмет им упатил закани. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.вј/
Фото: МИА архива