• сабота, 22 февруари 2025

Марко Рубио: Некои членки на НАТО не прават доволно за безбедноста, мислат дека САД ќе ги заштитат

Марко Рубио: Некои членки на НАТО не прават доволно за безбедноста, мислат дека САД ќе ги заштитат

Вaшингтон, 31 јануари 2025 (МИА) -  Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави денеска дека ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за НАТО е ист како оној на неговите претходници, а тоа е дека многу сојузници во Алијансата не прават доволно за сопствената безбедност, бидејќи мислат дека САД ќе ги заштитат доколку се појави потреба.

„Секој претседател ја имаше истата забелешка; тој е навистина сериозен во врска со тоа, и тоа е она што тој го посочува. И погледнете, интересно е - и да бидам фер, Полска, Литванија, Естонија - колку сте поблиску до Русија, толку повеќе се троши како процент од нивниот БДП за национална одбрана. Но, тогаш имате земји како Франција или земји како Германија. Тоа се големи економии, моќни економии и не трошат толку за националната безбедност. Зошто? Затоа што се потпираат на НАТО. Тие велат, добро, не треба да трошиме толку многу за одбрана“, рече Рубио.

Тој додаде дека тие земји веруваат дека не треба да трошат толку многу за одбрана „бидејќи Американците се тука“. зш/ 
фото ЕПА

Остани поврзан