• петок, 05 декември 2025

Марина Крстиќ именувана за заменик градоначалник на Општина Битола

Марина Крстиќ именувана за заменик градоначалник на Општина Битола

Битола, 14 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски ја именува Марина Крстиќ за свој заменик.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека Марина Крстиќ е членка на Советот на Општина Битола од листата на ВМРО-ДПМНЕ.

Функцијата заменик градоначалник Крстиќ ќе ја врши согласно Законот за локална самоуправа и ќе го заменува градоначалникот Коњановски во негово отсуство или при доверени задачи согласно закон. мт/сст/

Фото Општина Битола

Остани поврзан