Манчестер Јунајтед подготвен да го позајми Касемиро на Фламенго
- Бразилскиот клуб Фламенго ја разгледува можноста да потпише со играчот за врска Касемиро од Манчестер Јунајтед, пренесува „Трансфер њуз лајв“ на социјалната мрежа X.

Рио де Жанеиро, 11 февруари 2025 (МИА) - Бразилскиот клуб Фламенго ја разгледува можноста да потпише со играчот за врска Касемиро од Манчестер Јунајтед, пренесува „Трансфер њуз лајв“ на социјалната мрежа X.
Според информациите, англискиот клуб се согласил да го позајми 32-годишниот Бразилец и да покрие поголем дел од неговата плата.
Оваа сезона Касемиро одигра 24 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026 година. дс
Фото: Архива