• петок, 20 февруари 2026

Македонија добива можност да учи ВИ од „Гугл“, „Мајкософт“, „Амазон“ и од ИБМ

Македонија добива можност да учи ВИ од „Гугл“, „Мајкософт“, „Амазон“ и од ИБМ

Скопје, 5 февруари 2026 (МИА) - AIatWork од денеска овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа со цел вештачката интелигенција (ВИ) да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.

Со бесплатниот 14-дневен пристап корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки Ви- модели, како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични ВИ-алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн-курсеви во живо водени од ВИ-практичари со искуство во глобални технолошки гиганти, како „Гугл“, „Мајкософт“, „Амазон“, ИБМ и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ-знаење. Исто така, ВИ често се изедначува со една алатка наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа во светот. Повеќето од популацијата би сакале да знаат да користат ВИ, но не знаат кои алатки се навистина релевантни и како ВИ реално може да им помогне во работата. Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор нудејќи јасна насока за практична употреба на ВИ во секојдневната работа.

Во видеото, кое е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да почне со изучување на вештините и алатките на иднината.

Само овој месец на платформата се одржуваат 12 активни ВИ-курсеви во соработка со експерти и компании, како Boeing, Google и Salesforce.

- Во време кога ВИ станува составен дел од работата во светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како ВИ може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска. Прашањето повеќе не е дали ВИ ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи. Пробајте AIatWork бесплатно - 14 дена, без обврска - порачуваат од платформата. вг/

Фото: AIatWork 

Остани поврзан