• сабота, 21 февруари 2026

Магла на неколку патни правци, сите патишта проодни, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење

Магла на неколку патни правци, сите патишта проодни, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење

Скопје, 23 јануари 2026 (МИА) - Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Намалена видливост и појава на магла во околината на Смојмирово и Буково до 50м., Ѓавато до 80м., Струмица до 100м., Тетово до 40м., Петровец до 150м. и Делчево до 50м, соопшти АМСМ.

Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.

Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.

Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан