• сабота, 21 февруари 2026

Магла и слаби врнежи од снег кај Плетвар

Магла и слаби врнежи од снег кај Плетвар

Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 150 метри и појава на магла има на планинскиот премин Плетвар и слаби врнежи од снег, но без задржување на коловоз кај Смојмирово, информира попладнево ЈП „Македонијапат“.

Оттаму истакнуваат дека сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. лв/aa/

фото: МИА архива 

Остани поврзан