Лукровски на конференција за „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“
- Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска присуствуваше на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, во организација на Министерството за финансии во соработка со УНДП, Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Економскиот факултет Скопје при УКИМ.
Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска присуствуваше на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, во организација на Министерството за финансии во соработка со УНДП, Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Економскиот факултет Скопје при УКИМ.
Во фокус на конференцијата, како што соопштуваат од општинската прес-служба, беше креирањето на политики за ефикасен процес на формализација на неформалната економија во земјата и за таа цел, од страна на надлежните министерства, Стопански комори, Организации на работодавачи, Синдикати и Академската фела беше потпишана „Декларација за партнерство и акција: Заедничка посветеност за формализација на неформалната економија во Сееверна Македонија“.
-Општина Карпош во своите локални политики имплементира проекти и активности во насока на развој на претприемништвото и ќе продолжи да биде одговорен и посветен поддржувач на формалната економијата во државата, се наведува во соопштението. дма/вј/
Фото: Општина Карпош