• петок, 21 февруари 2025

Лисандро Мартинез надвор од терените на неодредено време

Лисандро Мартинез надвор од терените на неодредено време

Манчестер, 6 февруари 2025 (МИА) - Прес-службата на Манчестер Јунајтед објави дека дефанзивецот на англискиот тим Лисандро Мартинез ќе биде отсутен од фудбалските терени на неодредено време поради повреда на коленото.

Дваесет и седумгодишниот Аргентинец заработи повреда на предните вкрстени лигаменти во второто полувреме од натпреварот од 24. коло од Премиер лигата против Кристал Палас (0:2) и го напушти теренот на носилки.

- Мартинез се најде во тешка ситуација. Беше надвор некое време. Не знаеме колку е сериозна повредата, но ќе биде потребно време да закрепне, изјави за „Ројтерс“ тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим.

Во тековната сезона на 32 натпревари Мартинез во сите натпреварувања постигна два гола и направи две асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан