• сабота, 22 февруари 2025

Лисандро Мартинез заработи тешка повреда на коленото

Лисандро Мартинез заработи тешка повреда на коленото

Манчестер, 2 февруари 2025 (МИА) - Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез беше во солзи додека го изнесуваа на носилки поради повреда на левото колено за време на поразот на „црвените ѓаволи“ од Кристал Палас во Премиер лигата.

Репрезентативецот на Аргентина се здоби со повреда при обидот да се справи со напаѓачот на Палас, Исмаила Сар во 76. минута. Тој се грчеше од болки и долго време беше саниран на теренот, додека соиграчите загрижено го набљудуваа.

Мартинез (27) го напушти Олд Трафорд со аплауз од навивачите, а Јунајтед го загуби натпреварот со 0-2.

Минатата сезона Мартинез исто така имаше сериозна повреда, меѓу кои и оштетување на лигаментите на коленото. дс

Фото: Архива

Остани поврзан