Лидерот на ДУИ на средба со амбасадорката на Норвешка
- Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска имал средба со амбасадорката на Норвешка, Кристин Мелсом, акредитирана за Северна Македонија, Србија и Црна Гора, со седиште во Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.
Скопје, 22 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска имал средба со амбасадорката на Норвешка, Кристин Мелсом, акредитирана за Северна Македонија, Србија и Црна Гора, со седиште во Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.
- За време на плодната и пријателска средба со амбасадорката на Норвешка се разговараше за актуелните политички случувања во земјата, во регионот и пошироко, како и за интеграциските процеси, регионалната стабилност и европската перспектива на државата - соопшти Демократската унија за интеграција.

Како што е наведено во партиското соопштение, Ахмети истакнал дека членството на Северна Македонија во Европската Унија е неопходно и дека „овој процес треба да се реализира што е можно побргу како стратешки интерес за граѓаните и за европската иднина на државата“. хс/дма/
Фото: Демократска унија за интеграција