• недела, 08 март 2026

Лидерите на Франција, Кипар и Грција на итен состанок во Пафос

Лидерите на Франција, Кипар и Грција на итен состанок во Пафос

Париз, 8 март 2026 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе отпатува за Кипар по неодамнешниот ирански напад со дрон врз британската воздухопловна база во Акротири, јави агенцијата ДПА.

„Ова патување има за цел да ја изрази солидарноста на Франција со Кипар“, соопштија денеска извори од Елисејската палата во Париз.

Макрон во пристанишниот град Пафос ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, каде ќе разговараат за регионалната безбедносна состојба.

Според кругови блиски до Елисејската палата, состанокот ќе послужи и за координација на напорите за поддршка на операциите за репатријација.

Како знак на поддршка за Кипар, неколку европски земји го засилија своето воено присуство во регионот, вклучувајќи ја и Франција, која веќе распореди три од своите најголеми воени бродови. ссм/

фото: архива

Остани поврзан