• сабота, 22 февруари 2025

Лидерите на европската екстремна десница ќе се соберат на почетокот на февруари во Мадрид

Лидерите на европската екстремна десница ќе се соберат на почетокот на февруари во Мадрид

Maдрид, 27 јануари 2025 (МИА) - Лидерите на екстремно десничарската европска парламентарна група „Патриоти за Европа“, вклучително и Французинката Марин Ле Пен и Унгарецот Виктор Орбан, ќе имаат средба во Мадрид на 7 и 8 февруари, објави шпанската екстремно десничарска партија „Вокс“.

„Мадрид ги собира главните лидери на европскиот патриотизам на 7 и 8 февруари“, објави партијата Вокс, мислејќи на екстремно десничарската група во Европскиот парламент, чиј дел е и таа.

Овој прв самит на групата ќе го претседава Сантијаго Абаскал, лидерот на Вокс, а ќе се одржи во присуство на лидери како Ле Пен и Орбан, прецизираше партијата, третата најмоќна во шпанскиот парламент, зад десницата. и социјалистите.

Собирот ќе послужи за дефинирање на стратегијата за следните месеци, со цел да се консолидира алтернативата на Европската народна партија (десно) и социјалистите, кои заедно владеат во Брисел една деценија, објави Вокс.

„Групата Патриоти за Европа сака да биде алтернатива на коалицијата меѓу популистите и социјалистите во Брисел, на нивниот климатски фанатизам, нивните политики на отворени врати за масовна имиграција“, рече портпаролот на Вокс, Антони Фустер, на прес-конференција.

Патриоти за Европа е една од трите екстремно десничарски групи во Европскиот парламент.  зш/

Остани поврзан