Лефков: Политиките на СДС со Заев и Филипче ја оддалечија Македонија од демократските стандарди, а ја приближија кон руската политика
- Политиките на СДС со Заев и Филипче ја оддалечија Македонија од демократските стандарди, а ја приближија кон руската политика. Политиките на СДС со Заев и Филипче ја направија Македонија да биде хибриден режим, со слични карактеристики на владеење како на Путин и Лукашенко, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 6 март 2026
Политиките на СДС со Заев и Филипче ја оддалечија Македонија од демократските стандарди, а ја приближија кон руската политика. Политиките на СДС со Заев и Филипче ја направија Македонија да биде хибриден режим, со слични карактеристики на владеење како на Путин и Лукашенко, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Онишченко и Борче Марковски, кои се блиски соработници до Путин и Лукашенко, се лица кои власта на СДС, Заев и Филипче им ја отвори вратата да дојдат, да се вдомат и да водат бизниси.
По некое време, едниот е осуден на 15 години затвор, другиот седи на обвинителна клупа. Само вакви криминални ликови успеваа во времето на СДС, на Заев и Филипче.
Ваквите лоши политики кои не се во интерес на Македонија, на СДС им зададоа сериозен удар, како на национално, така и на интернационално ниво.
ВМРО-ДПМНЕ води политика која е базирана на договори со ЕУ, и држави како САД и Велика Британија. Само на тој начин ќе успееме да го зачуваме интегритетот и достоинството на државата.
Прашање: Вчера Филипче рече дека не го познава Борче Марковски, кој е вашиот став?
Одговор: Истиот тој Филипче велеше дека нема златна виза, па испадна дека има, велеше дека не го знае газдата на фирмата на која беа запленети околу 30 тони дрога, па испадна кампања воделе заедно, велеше дека нема станови и удел во бизнисот на Заев, па имавме сведоштва на блиски луѓе на Заев кои велат дека ги виделе објектите, се сомневаме дека на крај ќе испадне дека сепак се знаеле. Секој криминал, корупција или индиции за криминал и за висока корупција крајната точка оди до Заев и до Филипче!
Прашање: Во јавноста излегоа вести и фотографии на документ во кој се вели дека првиот претседател на Македонија Киро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името. Како ги коментирате овие случувања, кој е вашиот став по ова прашање?
Одговор: Ова е навистина едно значајно прашање кое отвора прашање и за друг случај, а тоа е следното. Ако Киро Глигоров, како поранешен претседател, одбил 100 милиони долари за промена на името, колку Заев и Филипче имаат земено за промената на името Македонија? Тоа е прашањето кое што се наметнува по овој случај.
И тоа е сосем легитимно прашање кое треба јавно да биде одговорено од ова дуо, бидејќи како прво, станува збор за прашање од важност за државата и за граѓаните, и како второ, ако земале пари, тоа се пари кои што се земени од нелегални активности и треба да се одговара за истото.
Да потсетиме дека овие двајца се врзуваат со згради во Дубаи,со индиски авиокомпании, со фирми на Балканот, јахти и така натаму. Дали парите им се заработени од продажбата на името на Македонија се трошат на ваков начин и за колку пари го продале ако го сториле истото?
ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрага од надлежните институции за ова најголемо национално предавство.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ