Лестер постави рекорд во Премиер лигата по порази без постигнат гол
- Лестер синоќа претрпе пораз од Брентфорд со 0:4 во 26. коло од англискиот фудбалски шампионат. Ова е шести последователен пораз на „лисиците“ на домашен терен.

Лечестер, 22 февруари 2025 (МИА) - Лестер синоќа претрпе пораз од Брентфорд со 0:4 во 26. коло од англискиот фудбалски шампионат. Ова е шести последователен пораз на „лисиците“ на домашен терен.
Лестер стана првиот тим во историјата на англиската Премиер лига кој загубил шест натпревари по ред на домашен терен без да постигне гол.
Тимот на Руд ван Нистелрој претходно на домашен терен загуби од Арсенал (0:2), Фулам (0:2), Кристал Палас (0:2), Манчестер сити (0:2) и Вулверхемптон (0:3).
Лестер со Ипсвич (17 бода) и Вулкверхемптон (19 бода) ќе се бори за опстанок во Премиер лигата. зс/
Фото: ЕПА